Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ирма“ ги збриша Барбуда и Сент Мартин – осум загинати

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку осум лица загинаа, а над 23 се повредени, откако ураганот Ирма ги погоди Карибите, оставајќи зад себе пустош и причини голема материјална штета.а

– Ураганот Ирма го уништи карипскиот остров Барбуда и предизвика штета, која засега се проценува на околу 150 милиони долари или 10 проценти од бруто-домашниот производ во земјата,  изјави премиерот на Антигва и Барбуда, Гастон Браун.

Во налетот на ураганот, на Барбуда загина најмалку едно лице.

– Од моите лични набљудувања, направени за време на лет во текот на катастрофата, можам да ве уверам дека 90 проценти од зградите и имотите на островот се оштетени во некоја форма, некои се целосно уништени, а островот е практично несоодветен за живот. За негова обнова ќе бидат потребни неколку  години, изјави Браун.

На островот има само околу 1.500 лица, но тој е „туристичка порта“ до најживописните и чисти одморалишта и плажи на Карибите.

Властите информираат дека островот Сент Мартин е речиси целосно уништен, каде загинаа најмалку шест лица. На овој остров во прекин е снабдувањето со електрична енергија, додека на францускиот остров Сент Бартис, комуникациските системи се во дефект. Во францускиот дел на Сент Мартин живеат околу 40.000 лица, речиси ист број колку и на холандската страна на островот.

Холандскиот министер за внатрешни работи Роналд Пластерк изјави дека штетата предизвикана од ураганот на тој остров е „огромна“, но не е познато во колкав обем поради прекинот на комуникациите.

„Ирма“, која достигна петта категорија, мина северно од американската територија Порторико, каде над половина од тримилионската популација е без струја. Ураганот донесе обилни дождови, проследени со силен ветер. Властите најавија дека нема да има струја неколку дена.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на Флорида, Порторико и Девствените Острови, каде се очекува на мине разурнувачкиот ураган.

Националниот центар за урагани соопшти дека се зголемени шансите Флорида директно да биде погодена од „Ирма“ во текот на викендот.

Ирма Кариби Сент Мартин урагани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.