– Сакаме да видиме конкретен прогрес за сите земји-кандидати, вклучувајќи ги и потенцијалните, порача шефот на дипломатијата на Ирска Имон Гилмор пред Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент.
– Во првата половина на 2013 ќе имаме шанса да ги отвориме преговорите со Србија и Македонија, на Албанија да и доделиме кандидатски статус, и да потпишеме договор за асоцијација со Косово. Знаеме дека ова е амбициозна агенда, но ирското претседателство ќе работи за прогрес на земјите од Западен Балкан, изјавил Гилмор, објаснувајќи ги приоритетите на ирското претседателство со ЕУ, пренесува италијанската агенција АНСА.