Официјалниот спот во продукција на МТВ со која Македонија ја претставува својата песна „Империја“ во изведба на Есма и Влатко Лозановски попладнево ја снема од каналот “Јутјуб“.
По коментарите дека спотот бил повлечен заради лошиот одзив во јавноста, порталот МКД.мк пренесува дека не станува збор за никакво повлекување на песната Империја со која Есма и Лозано ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг во Шведска, туку за техничка грешка во видео-записот и дека наскоро повторно ќе може да ја слушаме и гледаме на Јутјуб.
Сепак, спотот не е повлечен од официјалниот канал на Евросонг 2013 на „Vimeo“, каде може да се види.