Официјални виетнамски претставници соопштија дека не се во состојба да утврдат дали била лоцирана вратата на авионот на Малезија Ервејс кој мистериозно исчезна од радарите пред два дена.
Екипаж на еден авион на виетнамската морнарица извести дека забележал врата на исчезнатиот авион во Јужното кинеско море.
Се уште трае потрагата по малезискиот Боинг кој исчезна на релација Куала Лумпур – Пекинг, со 239 патници и членови на екипажот.
Шефот на малезиското цивилно воздухопловство, Азарудин Абдул Раман, вели дека случајот со исчезнатиот авион МХ370, е вистинска мистерија без преседан, јавува Би-Би-Си.
Раман додава дека властите во Малезија не ја исклучуваат можност за киднапирање на авионот со оглед на тоа дека тој едноставно исчезнал од радарот.
Досегашната потрага не најде ниту една трага од авионот од типот Боинг 777. Експертите сметаат дека можеби дошло до ненадејна експлозија во авионот, бидејќи претходно екипажот не испратил никаква порака за некакво нарушување на летот.