Утрово во Државниот студентски центар „Кузман Јосифовски – Питу“се организираше акција за чистење на отпадот од покривот на студентскиот дом.
Раководството на Домот ги повика студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината.
„Јавната хигиена во студентските дворови е резултат на заедничка грижа за животната средина. Исто така, Државниот студентски центар потсетува дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти. Во интерес на безбедноста на студентите во завршна фаза е поставувањето на камери во студентските домови. Овие уреди ќе придонесат за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови“ пишува во соопштението од Студентскиот дом.
Пред неколку дена на социјалните мрежи беше објавена фотографија од покривот на мензата на овој студентски дом на кој имаше расфрлено разновидно ѓубре, шишиња, разни хартии, најлони што се фрлени од студентските соби.