Војниците на Исламската држава напредуваат кон сирискиот град Кобане, каде што се борат со курдските борци. Судирите се видливи од Турција, каде што некои демонстранти упаднаа во граничната ограда за да го бранат градот пренесува Би-Би-Си.
Претходно, САД соопшти дека уништиле четири тенкови и оштетиле уште еден за време на четвртата вечер од бомбардирања во Сирија.
Парламентот на Велика Британија гласаше да се спроведат воздушни напади против ИД. Белгија и Данска исто така објави дека ќе учествуваат во операцијата.
ИД контролира голем дел од североисточна Сирија и на почетокот на оваа година заплени делови од територијата во соседен Ирак, вклучувајќи го и вториот по големина град, Мосул.
Некои западни лидери се воздржани од бомбашките напад врз Сирија, се’ додека владата не побара странска помош против ИД.
Борците на ИД го зафатија под опсада Кобане, што доведе до 140.000 луѓе да преминат во Турција во текот на изминатата недела.
Сепак, некои во петокот се обидоа да се вратат за да помогнат да ги запрат милитантите, но турските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ги запрат.
За време на борбите за Кобане, најмалку две гранати паднале на турска територија, јавија очевидци.
“Каде е Америка, каде што е Англија, зошто луѓето не помагаат?” еден селанец наречен Али, изјави за новинската агенција Ројтерс.
По седум часа расправа, британски пратеници со големо мнозинство гласаа за воздушни напади, а шест воени авиони ќе се приклучат во акцијата во текот на викендот.
Владата на Данска се согласи да испрати седум Ф-16, додека белгиските пратеници рекоа дека ќе испратат шест.
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест ја поздрави „силната поддршка” за коалицијата што ја покажаа нивните Европејски сојузници.
Досега повеќе од 40 земји, вклучувајќи и неколку од Блискиот Исток, се понудија да се приклучат во коалицијата против ИД.