Клучниот пограничен град Кобане, што се наоѓа на границата помеѓу Сирија и Турција може да падне во рацете на војниците на Исламската држава, пренесува Би-Би-Си.
Забележано е знамето на Исламската држава како се вее над една зграда во источниот крај на Кобане.
Официјалното лице, Идриз Насан, потврди ИД во моментот го контролира Мистенур, стратешки рид над градот.
Во Кобане се видоа интензивни борби во текот на изминатите три дена додека сириските Курди се обидуваа да го одбранат градот, пишува Би-Би-Си.
Војниците на ИД го окупираа веќе три недели. Од самото окупирање, повеќе од 160.000 Сиријци, главно Курди, избегале од другата страна на границата.
Низ текот на денот беше објавено дека најмалку 30 курдските борци се убиени во два напади во северо-источниот сириски град Хасаке.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вети дека ќе ја заштити Турција, велејќи „Турција треба да знае дека НАТО ќе биде таму, ако постои било каква прелевање, било напади врз Турција, како последица на насилството што го гледаме во Сирија”.