Јована Тренчевска: Цел ден читам “фалби” ама мислам оти се лаги! Постигнато е историско зголемување на платите во Министерството за социјална политика, демографија и млади! Лимани: Потпишавме историски Колективен договор, со кој платите растат до 21% и се предвидуваат бројни придобивки за вработените!
Ама 21% следните 3 години!
И сега да ги прашам административците, со Општиот колективен договор во 2025 платите требаше да се зголемат за 12,5%, во 2026 март за 9,5%. Вкупно 22%!
Ама сите си молчат! Ќе чекаат за следните три години 21%.
Епа историско зголемување за историско молчење!
Вака е кога дпмне е на власт!
Да беше СДСМ и да беше ова ситуација, сите ќе беа на протести!
Молчењето значи помала плата! Но и немање храброст да се избориме за сопствените права!
И ова важи за сите вработени во јавниот сектор!
Ќути си, трај си!
Извор: Фејсбук



