Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага против четири лица за недозволена трговија со 20 килограми марихуана

0
By НОВА ТВ Balaban on September 14, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост пронајдено е возилото и приведен А.И. (32) од с. Никуштак
По двомесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден по насоки на предметен обвинител од  Основното јавно обвинителсто за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција. Во акција се запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, три возила, поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички. Од слобода се лишени три лица, додека во текот на денешниот ден е пронајдено и приведено и четвртото осомничено лице, соопштија денеска од Јавното обвинителство.  

Постапувајќи по кривичната пријава,  надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворица осомничени за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, во  текот на денот надлежниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор против сите лица.​

И од МВР претходно информираа дека на 13.09.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар спроведоа координирана акција, при што се лишени од слобода четири лица и запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, и три возила.

Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост пронајдено е возилото и приведен А.И. (32) од с. Никуштак. Во возилото се пронајдени две големи торби со 20 пакувања марихуана.

 

20 килограми марихуана Бошков мост запленети Јавното обвинителство ОВР Гостивар ОВР Дебар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.