Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата по исчезнатиот авион се насочува кон тероризам

0
By Нова ТВ on March 9, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Малезија започна истрага за тероризам, по исчезнувањето во саботата на Боингот 777 на Малезија Еарлајнс со 239 луѓе, откако се утврди дека мистериозни патници патувале со украдени пасоши. Во истрагата ќе се вклучи и американскиот ФБИ кој испраќа свои луѓе во Малезија.

Владата во Малезија информираше дека имало четири сомнителни лица во авионот кој патувал помеѓу Куала Лумпур и Пекинг а помеѓу нив двајца патувале со украдени патни исправи.

Авионот се уште не е пронајден откако радарите загубиле контакт со него еден час по полетувањето, помеѓу истокот на Малезија и југот на Виетнам, без да добијат сигнал за тревога.

Во текот на истрагата нафтени дамки се забележани во близина на морскиот брег во крајниот јужен дел на Виетнам, за кои се претпоставува дека се првиот знак од исчезнатиот малезиски патнички авион, соопштија властите во Виетнам.


Фотографија на дамките на нафта што ја направила виетнамската армија

Дамките се со должина од 15 км и тие потсетуваат на дамки кои останале од гориво на урнат авион. Но, морските екипи кои стасале на тоа место не успеале се уште да пронајдат траги од авионот. “Ништо не успеавме да локализираме ниту да видиме”, изјави шефот на малезиската цивилна авијација.

Утринава се беше потврдено дека двајца патници патувале со украдени пасоши. Имињата на Австриецот Кристијан Козел и Италијанот Луиѓи Маралди стојат на листата на патниците но ниту еден нив двајца не се наоѓал во авионот. Двајцата се јавиле дека се живи и дека не се качиле во авионот. Нивните пасоши биле украдени во 2012 и 2013 години во Тајланд.

Според американската истрага врската со тероризмот не е најдена и рано е да се извлекуваат заклучоци. Според ФБИ украдените пасоши можеби немаат врска со тероризмот и можеби се работи за крадци.

Операциите на потрагата по авионот продолжуваат. Бродови во зоната испратија Кина, Виетнам, Малезија, Филипини и САД.

Авионот бил стар 11 години а екипажот бил искусен и добро обучен. Малезиската авио компанија е безбедна и досега имала само три несреќи во 66 години постоење. Најстрашната катастрофа со 100 жртви се случила во1977 година кога еден авион се урнал на југот на земјата откако авиопирати се обиделе да го преземат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.