Истрагата за корупција против поранешниот француски претседател Никола Саркози е суспендирана, соопштуваат француските медиуми.
Тие ги цитираат судските извори дека Апелациониот суд во Париз ќе го разгледува барањето од Саркози за случајот да биде разрешен.
Саркози се уште се соочува со неколку други судски истраги.
Минатата недела тој рече дека ќе го бара раководството на опозициската партија УМП – што се смета како прв чекор кон претседателска кандидатура во 2017 година.
Неговата најава ги прекина шпекулациите за намерите на конзервативниот поранешен претседател, кој вети дека ќе се откаже од политиката откако тој не успеа да биде ре-избран во 2012 година.
Партија УМП изборите треба да ги одржат во ноември.
Суспендираниот случај се однесува на наводниот обид да се влијае врз судиите кои беа во потрага во неговите деловни работи.
Суспензијата може да трае неколку месеци, според новинската агенција АФП.