Јавната администрација продолжува да се полни со нови вработени, за кои никој не знае како и каде се распоредуваат.
Аналитичарите предупредуваат дека гломазниот и неефикасен администривен апарат кој го оптоварува буџетот, треба ургентно да се преполови и внимателно да се распореди таму каде што има потреба.
За апсурдот да биде поголем стручен кадар кој се обучувал во странство со години чека владата да даде зелено светло за нивните вработувања.
Додека државата непотребно ја полни администрацијата, во многу сегменти има потреба од вакви реални вработувања на стручен кадар.
Таков е случајот со Истражувачкиот центар во МАНУ каде истражувачи за генетика работат по договор на дело и по девет години, Клиниката за онкологија каде нема дозвола за вработување на обучените физичари за работа со новиот апарат, како и неопходни вработувања во многу други установи.