Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: За две години променет ставот на Грците за Договорот од Преспа

0
By Нова ТВ on November 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси шест од десет Грци, односно 58 отсто смета дека Договорот од Преспа е добар договор или договор со доста компромиси, но неопходен, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа research“ за фондацијата „Фридрих Науман“ посветено на либерализмот во Грција, во кое граѓаните одговарале на прашања поврзани со 10 различни теми, јави дописничката на МИА од Атина.

Споредбено со резултатите од 2018 година од истата агенција, ставот на Грците за Договорот од Преспа е променето, со оглед на тоа дека тогаш, 42 отсто сметале дека договорот е добар (18 проценти) или договор со доста компромиси, но договор што требаше да се постигне (24 отсто), додека пак 54 проценти оцениле дека е лош.

Во новото истражување, на прашањето „Какво е вашето мислење за Договорот од Преспа?“, 40 отсто одговараат дека е лош договор и Грција не требаше да го потпише.

Од анкетираните 33 проценти сметаат дека е договор со доста компромиси, но требаше да се склучи, а 25 отсто одговориле дека е добар договор.

Во однос на надворешната политика на земјата, најважно прашање за 94 проценти од испитаниците се грчко –турските односи и искористувањето на природните извори во Егејското море, а потоа следат мигрантското/бегалското прашање (72 проценти), односите на Грција со ЕУ (32 отсто), кипарското прашање (24 проценти), Македонија и имплементација на Договорот од Преспа (15 отсто), со седум отсто се односите на Грција со другите балкански земји, како и со САД итн.

За Европската унија, 75 проценти рекле дека иднината на земјата е во ЕУ.

На прашањето кој е карактеристичен пример на автентичен либерал во Грција, 28,2 отсто го посочиле актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис.

Опширното истражување на јавното мислење на агенцијата „Капа research“ за фондацијата „Фридрих Науман“ било спроведено од 14 до 22 октомври и вклучени 1.214 лица со право на глас од 13 грчки периферии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.