Во автобуска несреќа во јужниот дел на Италија најмалку 36 луѓе загинаа, a најмалку 11 луѓе се повредени, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на спасувачките служби.
Автобусот погодил неколку возила пред да падне по стрмната падина во близина на градот Авелино, во регионот Кампанија.
Најмалку 11 луѓе биле повредени, некои од нив сериозно, јавува италијанската новинска агенција Анса.
Во автобусот се возеле околу 50 луѓе, вклучувајќи и деца, назад во Неапол од аџилак, се наведува во извештаите.
Причината за несреќата не е јасна.