Италијанските политичари реагираа со гнев откако на, по прв пат во земјата избраниот црн министер, беа фрлени банани за време на политички собир, јавува Би-Би-Си.
Министерката за интеграции, Сесил Kуенге, која претрпела расна злоупотреба во минатото, го отфрли чинот како “губење на храна”.
Но, министерот за животна средина Андреа Орландо рече на Твитер дека тој почувствувал “најголема индигнација” во врска со инцидентот.
Претходно овој месец италијанскиот сенатор се извини откако изјави дека г-ѓа Куенге го потсетува на орангутан.
Во Конго родената г-ѓа Kуенге зборуваше на митингот на Демократската партија (ПД) во Сервиа, во петокот, кога неидентификуван гледач фрли банани кон сцената и за малку ја промаши.