Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија се провлече во Скопје, Буфон се соблече по гаќи

0
By Нова ТВ on October 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нов пораз на Македонија во финиш на натпревар во квалификациите за СП 2018. „Азурите“ вечерва славеа со 3:2 со голот на Имобиле во втората минута од есктра времето

 

Нова добра игра и нов пораз на фудбалската репрезентација на Македонија во циклусот квалификации за Светското првенство во 2018 година. По Израел и Италија вечерва ги однесе бодовите од „Филип Втори“. „Азурите“ ја добија „резултатската нишалка“ во Скопје со голот на Чиро Имобиле во втората минута од судиското продолжение.

macedonias-forward-ilija-nestorovski-ce

Составот на Вентура поведе преку Белоти во 23 минута. Во второто полувреме следуваше пресврт на Македонија во само две минути. Несторовски израмни на 1:1 во 57 мунута, а Ферхан Хасани погоди две минути по него за водство од 2:1. Во период во кој гостите делуваа дезиорентирано на теренот.

Момчињата во црвено имаа шанса и за трет гол, но кога нема да се искористат своите прилики, на сцена стапува непишаното фудбалско правило дека следува казна. Тоа и се случи во 75 минута кога играчот на Лацио, Чиро Имобиле, израмни на 2:2, а истиот играч во 5-минутното продолжение по втор пат го совлада Богатинов за огромна радост на италијанската клупа.

Десната ракавица на Буфон остана за спомен во Скопје

Football Soccer - Macedonia v Italy - 2018 World Cup Qualifying European Zone - Group G - Philip II of Macedon National Stadium, Skopje, Macedonia - 9/10/16 Italy's goalkeeper Gianluigi Buffon talks to Ciro Immobile at the end of the match. REUTERS/Ognen Teofilovski
фото REUTERS/ Ognen Teofilovski

Неколку навивачи од трибините по мечот се обидоа да влезат на теренот додека фудбалерите се уште беа во него, при што највпечатливо беше едно момче на возраст од 10-тина години кое му избега на обезбедувањето и потрча во прегратки на Буфон. Голманот на италијанската репрезентација како голем професионалец ја исполни желбата на младиот навивач, го прегрна и во спомен му ја даде десната ракавица. Потоа Буфон отиде кон источната трибина, до блокот во кој беа сметени италијанските навивачи, ги соблече шорцевите и ги фрли кон гледачите. Потези што наидоа на одобрување и аплауз од домашната публика.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.