Земјотрес од 5,2 степени по Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Италија јавува Ројтерс.
Силниот земјотрес се почувствувал во густо населените градови Неапол, Авелино и Касерта и ги натерал луѓето да избегаат на улица. Нема информации за повредени и оштетување на зградите.
Епицентарот бил во близина на гратчето Сан Грегорио на длабочина од околу 10 километри.