Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Русија свика итен состанок, поради новата ескалација на насилствата во источна Украина.
Украинските власти утрово започнаа воена операција во Славјанск со цел да се отстранат про-руските сепаратисти кои го држат под контрола овој град.
Москва веднаш ја осуди операцијата.
Состанокот ќе биде 13-ти по ред од почетокот на украинската криза, но од ниту една седница досега членките на Советот за безбедност не успеале да излезат со заеднички став во врска со ситуацијата во Украина.