Собранието попладнево, во рамки на 144. седница, по скратена постапка треба да ги донесе законските измени со кои, наместо 12 февруари 2024 година, крајниот рок за замена на возачките дозволи со ознака „Република Македонија“ ќе биде 31 декември 2024.
Претседателот на Собранието Јован Митрески ја закажа седницата за 16.20 часот. Претходно, законските измени треба да поминат низ собраниските работни тела.
Законските измени се на предлог на Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов, а беа поддржани од сите пратеници присутни во салата.