Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Итно, а превентивно, се повлекуваат неколку серии од Киндер производите и во Македонија, а оние кои веќе ги купиле, да не ги јадат

0
By НОВА ТВ Balaban on April 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АХВ ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле. Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна Атлантик траде ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата ,,ФЕРЕРО“.  Како што вчера пренесовме, најмалку 63 луѓе во Велика Британија, главно деца, се заразиле со салмонела во епидемија поврзана со јајцата „Киндер изненадување“. Станува збор, како што објави и „Гардијан“, за чоколадни јајца од 20 грама, со рок на употреба меѓу 11. јули и 7. октомври 2022 година.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопштија:  

– Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Северна Македонија се повлекуваат неколку серии од Киндер производите Согласно нивното известување, од пазарот, во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022година, 23.08.2022 година,02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година.11.06.2022 година и 30.06.2022 година, информираа од АХВ. 

Од Агенцијата потврдуваат:

– АХВ попладнево доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител, се вели во соопштението АХВ.

Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на производи Киндер со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот.

Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија.

АХВ ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.

По Велика Британија, вчера Германија, Франција, Холандија и уште неколку европски држави го повлекоа од продажба киндер јајцето како производ, поради инфекција од салмонела.
Истрагата која ја водела Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA), јавното здравје на Шкотска, јавното здравје на Велс и Агенцијата за јавно здравје на Северна Ирска, откриле дека постои врска меѓу пријавените случаи на труење со салмонела ширум Британија и киндер јајцата, пренесува „Гардијан“. 

(Љ.Б.)

Итно Киндер производите се повлекуваат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.