Љубчо Георгиевски: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност. Тој од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава. И денес, од време навреме кога му ги слушам неговите патриотските изјави против Бугарија, против Албанците, против името не го даваме. Просто смешно ваквите патриоти, лажни патриоти и квази патриоти, да ја бранат македонската идеја. Ние имаме една ситуација каде човекот директно ја загрозува позицијата на Македонија, не само на Балканот геостратешката, идентитетската позиција на Македонија, а да не зборуваме и за Евроатлантската интеграција.
Извор: ЦивилМедиа