Уредничката за надворешна политика на „Дневник“, Ивана Костовска, денеска беше вратена од границата со Грција зашто е прогласена за непожелна личност од тамошните власти.
На грчкиот граничен премин и било речено објаснување да побара од Канцеларијата за врски во Скопје, а добила и документ во кој пишува дека се смета за опасност по јавниот ред и безбедност, за внатрешната безбедност за јавното здравје и меѓусебните односи на една држава-членка на Европската унија.
Таа има намера да побара објаснување на грчкиот конзулат во Скопје, а ќе ги извести и меѓународните организации за правата на новинарите