Зоран Иванов: Статутот на партијата вели дека постои легитимност. Тоа се нивните внатрешнопартиски одлуки. Фактот што СДСМ се сведе на 18.000 мотивирани членови кои гласаа е друга тема. Филипче и тимот ги чека многу теренска работа за да ги убедат симпатизерите и членовите дека имаат капацитет да се справат прво со оние во своите партиски редови кои ја доведоа партијата на ова дереџе. Ако не успеат да го сторат тоа јавно, јасно и остро, СДСМ нема да се поврати уште долго. Членството и партиските симпатизери очекуваат внатрешна партиска диференцијација, но не знам колку раководството на партијата е свесно за тоа и дали овие сигнали од граѓаните допираат до нив. На сите од поранешниот партиски врв треба да им се каже „фала“. Без тоа, не сум сигурен дека СДСМ може да биде силен изборен конкурент.
Извор: Локално