Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов го прими годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата

0
By Нова ТВ on August 22, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана” во Охрид, ги прими годинешниот лауреат, јужнокорејскиот поет Ко Ун, кој што се закити со наградата „Златен венец” и организаторите на 53-то издание на Струшките вечери на поезијата.

Македонскиот претседател, на годинешниот лауреат г.Ко Ун, му ја честиташе наградата „Златен венец”, една од најпрестижните светски награди, која што воедно е и најголемо признание за целокупната поетска дејност.

„Пишаниот збор е стожер на различните идентитети кои што го градат големиот мозаик на културни вредности од минатото сегашноста и иднината. Струшките вечери на поезијата ја отсликуваат вековната културна традиција на овој град и на Република Македонија, мост што ги поврзува јазиците културите и историјата од сите меридијани. Оваа светска поетска манифестација нуди нови можности за културна, но и политичко-економска соработка меѓу државите“, рече претседателот Иванов.

Годинешниот лауреат г.Ко Ун му се заблагодари на македонскиот претседател за укажаната чест, споделувајќи ги импресиите од досегашниот престој во земјава, како инспирација за натамошно интензивирање на комуникацијата меѓу Република Македонија и Јужна Кореја во сите сфери од заеднички интерес.

„Импресиониран сум од многу нешта во Македонија, од убавините на Струга, Охрид и Охридското езеро, од успехот на Струшките вечери на поезијата. Она што особено ме воодшевува е македонската култура, моделот на соживот и вредноста на почитта кон различностите, која македонскиот народ ја негува како низ вековите така и денес. Тоа е за почит“, истакна јужнокорејскиот поет г. Ко Ун.

Македонскиот претседател ги поздрави учесниците и организаторите на Струшките вечери на поезијата изразувајќи очекување дека успешната реализација на оваа врвна меѓународна културна манифестација ќе продолжи и во иднина, затоа што е од особено значење за презентацијата на македонското и светското поетско творештво, како и за збогатувањето на нашата култура и афирмацијата на Република Македонија во светот.

Годинешново 53-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ се одржува од 21 до 26 август и ќе учествуваат околу 120 поети, меѓу нив педесетина од странство, од 34 различни земји. Новина која што од годинава редовно ќе биде застапена е поетскиот портрет на тројца значајни македонски автори. Годинава тоа се Богомил Ѓузел, Радован Павловски и Влада Урошевиќ. Заедно со УНЕСКО ќе се додели наградата „Мостови на Струга“, а едно од најзначајните изданија годинава ќе биде антологијата на словачката поезија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.