Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Кога расте економијата, се расте во државата

0
By Нова ТВ on April 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Очекуваме на 27 април, двојна победа. Очекуваме уште помасовно да излезат граѓаните и да гласаат. Да гласаат за политиките кои ги поддржуваат. Да гласаат за себе, да гласаат за своите семејства, да гласаат за иднината на Македонија“, рече во својот говор во општина Центар, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов.

– Со досегашното работење докажавме дека веруваме во Македонија! Затоа соработуваме. Сите институции во државата да соработуваат и да покажуваат заедништво. Да покажуваат соработка во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Тоа го препознаа граѓаните.

– Веруваме во Македонија затоа што го гледаме оптимизмот насекаде низ државата. Насекаде гледаме дека граѓаните го поддржуваат и го поздравуваат тоа што се прави. Се прават автопатишта, се градат фабрики, се отвораат нови училници, се градат нови болници. Граѓаните тоа го препознаваат и го поддржуваат.

– Тоа се постигна во услови на голема светска економска криза, голема европска должничка криза, во такви услови кога многу посилни економии од Македонија, не можеа да се справат со тие предизвици, Македонија покажа дека може економски да успее. Затоа во Македонија доаѓаат странски инвестиции, затоа во Македонија расте производството и расте извозот. Но растат и платите, растат и пензиите, растат и субвенциите за земјоделците, и стипендиите за студентите. Кога расте економијата, се расте во државата. Тоа го препознаа граѓаните и на тоа даваат поддршка.

– Со секоја нова инвестиција во Македонија, со секое ново пријателство што го стекнуваме, со секој успех што го постигнуваме, успева и Македонија. Успеваат нашите спортисти, успеваат и нашите уметници, успеваат нашите пејачи, успеваат и нашите научници. Тоа е новиот лик на Македонија. Македонија која успева. Македонија во која секој може да успее.
Македонија е и земја на различитости. Земја во која се почитуваат различните етнички групи, различните религии. Така било одамнина, така треба и да остане. Тоа е заветот од нашите предци, да се почитуваме меѓу себе. Да укажуваме чест и достоинство, на сето она што ни е наследено и што не одржало на овие сурови балкански простори. Затоа мораме да покажуваме заедништво, сите етнички групи, сите религиозни групи. Тоа заедништво да е одраз на Македонија, затоа што сите сме Македонија.

– Покажавме дека Македонија се сака со искреност. Затоа не ветуваме ништо што не може да го оствариме. Затоа во нашите програми, и мојата програма и програмата на ВМРО-ДПМНЕ секој пат е поставено она што може да се реализира. За да може да поднесеме отчет. Тоа вие го препознавате, и тоа вие го наградувате на изборите. Затоа и јас како Претседател, иако велат според Уставот немам ингеренции за економијата, економијата ја ставив за овие пет години на ист ранг како и безбедноста на државата, меѓународната политика и внатрешната политика. Сакаме сите да ни успее економијата. Македонија да биде економски силна и развиена држава. Да биде и безбедна држава, сигурна држава, и меѓународно признаена и почитувана. Но затоа, мора да биде економски силна и развиена.

– Се што правев овие пет години беше да создадеме услови за нашата економија. Да создадеме можности за нашата економија, да отвораме нови пазари за македонските производи. И затоа расте извозот од Македонија.

– Доколку ја добијам вашата доверба, и следните пет години ќе работам со ист интензитет, за промовирање на сето она што е најдобро од Македонија. Промовирање на она по што не препознаваат и по што не почитуваат. Затоа што станува збор за наша држава. Држава за која гинеле многу наши предци. Тие ни оставиле завет да ја чуваме Македонија. И затоа мотото на оваа кампања е дека „Државата ни е пред се“, „Македонија ни е пред се“.
Но мора да мислиме и за сиромашните, за старите, за болните, за лицата со посебни потреби. На тоа го посветив и дел од мојот мандат. Мојот Кабинет беше отворен за сите оние што имаат потреба, да кажат што ги тишти, и со што се соочуваат во својот живот. И затоа помагавме. Помагавме на сите ранливи групи и граѓани. Треба да сме солидарна земја, како што отсекогаш сме биле. Да им помогнеме на тие што им е потребна помош, истакна Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.