Претседателот Ѓорге Иванов нема да се сретне со Јоханес Хан, објави МРТ.
Од Кабинетот на шефот на државата информирале дека Иванов од работната посета на Унгарија ќе се врати доцна вечерва, па затоа на агендата не е ставен состанок со Хан.
„Претседателот Иванов своите ставови веќе му ги соопшти на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на нивната последната средба на 10-ти февруари, и тие остануваат непроменети.
Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Оттаму додаваат и дека предвидениот термин за него, Иванов им го отстапил на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, за да го запознаеле со причините за кои тие протестираат.