Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов од Радовиш: Дајте ни ја довербата за двојна победа

0
By Нова ТВ on April 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И вие гледате дека се менува политиката во Македонија. Во политиката веќе влегуваат луѓе кои знаат што сакаат. Луѓе кои довербата ја бараат со програма, но потоа даваат и отчет за таа програма, со овие зборови претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ го отвори својот говор во Радовиш.

– Моја цел е економски развиена Македонија, членка на Европската унија и НАТО. Македонија како напредна земјоделска земја, која ги пласира своите квалитетни производи на светските пазари. Македонија во која постои доверба меѓу институциите и граѓаните, во која се вреднува трудот на работниците и на земјоделците. Држава во која младите можат да добијат квалитетно образование, да се вработуваат, да успеват во животот, да формираат семејства и да оставаат потомство, рече Иванов.

Тој пред жителите на Радовиш порача дека успесите се постигнуваат со напорна и тимска работа, посочувајќи дека тимски, донесени се многу закони и реформи во земјата.

– Сите чувствуваат дека работите се менуваат на подобро во државата. Насекаде во Македонија се гради. Се градат автопатишта, индустриски развојни зони, фабрики и погони. Се градат училишта, болници, спортски терени. Се инвестира во земјоделството, во образованието, во спортот, во културата. И секаде гледаме резултати, продолжи претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

Иванов во Радовиш нагласи дека заедно со Премиерот и со кандидатите за пратеници, и повторно ја бара довербата, за да работат со истиот интензитет со кој работел во претходниот мандат.

– Јас верувам во овој тим. Но и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија верува во мене, потенцираше Иванов, образложувајќи дека се што досега правел било од љубов кон Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.