Претседателот Ѓорѓе Иванов на вечерашната прес конференција рече дека тој ја поддржувал и ја поддржува иницијативата „За заедничка Македонија“.
– Не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација – рече Иванов за осомничените.
Тој повика на почитување на презумпцијата на невиност.
-Со реваншизам и демонстрација на сила, се генерира поларизација на општеството, состојба во која не можеме да очекуваме напредок во реформските процеси. Повикувам на разум од сите надлежни институции. Нема ништо потрагично и поопасно од меѓумакедонскиот судир. Секогаш кога сме биле поделени, други нè окупирале, раселувале, преименувале и однародувале – рече Иванов во својот говор.