Синоќешниот фудбалски натпревар помеѓу Србија и Албанија беше прекинат пред крајот на првото полувреме откако над стадионот во Белград прелета знаме со порака „Голема Албанија“.
Капитенот на Србија и фудбалер на Челзи Бранислав Ивановиќ вели сеуште не може да објасни како дошло до тепачка на теренот.
Тепачката се случи кога српскиот одбранбен фудбалер Стефан Митровиќ го одвлече знамето што испровоцира неколку албански фудбалери да реагираат бурно на неговиот потег.
Ивановиќ вели токму Албанците сакале мечот да биде прекинат.
– Што се случи сеуште не можеме да сфатиме. Можам да кажам дека ние сакавме натпреварот да продолжи, изјави српскиот капитен.
– Ги штитевме фудбалерите на Албанија до самата соблекувална но рекоа дека се ментално неподготвени да го завршат мечот, заклучува Бане Ивановиќ.