Кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица СДП, Оливер Ивановиќ оцени дека инцидентите кои ги одбележаа изборите на Косово се „политичко насилство и вандализам“ и дека најдобро решение е изборите да се повторат, но во догледно време.
Тој за Радио-Телвизија Србија изјави дека очекува изборите да бидат поништени на само во Косовска Митровица, туку и во Лепосавиќ, Зубин поток и Грачаница, зашто набљудувачите ги напуштиле изборните места два часа пред крајот на гласањето.
Според него излезноста во Косовска Митровица била ниска и како последица на тоа би можело со „Србите да управува Албанец“.
Локалните избори на Косово вчера ги одбележаа не само нерегуларности на кои укажуваа грасачите, туку и инциденти кога околу 17 часот на три гласачки места на северот упаднаа маскирани лица. Тие тепаа луѓе затекнати на местото и ги искршија избирачките кутии.