Оставката на Драги Рашковски од функцијата во Влада нема да влијае врз предметите што Државната комисија за спречување корупција ги отвори за него.
Првата антикорупционерка вели ДКСК ќе продолжи да постапува.
– ДКСК ќе продолжи со постапување по предметите поврзани со Драги Рашковски, ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК, вели претседателката Билјана Ивановска.
ДКСК разгледува три предмети за Рашковски – Инвока, Леонардо и имотната состојба.