Причината за убиството на Росица има име и презиме – неодговорност и корупција. Истрагата мора да покаже што преовладало, дали едното, другото или и двете заедно.За жал, досегашната пракса на нефункционирање остава голем простор за недоверба. Корупцијата во Македонија е присутна во сите пори. Заднинските политички мрежи ја хранат и ја прават посилна секој ден, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциската комисија и кандидат за градоначалник на Центар, на прес конференција.
Ивановска истакна дека за промена мора да постои не само политичка, туку и граѓанска волја.
Досега напредокот е минимален, а времето ни бега.Од МВР очекуваме да и кажат на јавноста каде затаи системот во случајот на Росица. Секоја погрешна одлука, секоја погрешна постапка има име и презиме. Затоа се гледаме денес на протест во 17:30 пред МВР!, рече таа.