Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановски: Се надевам Законот за медиуми ќе се донесе брзо

0
By Нова ТВ on June 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Остануваме отворени да дебатираме за Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги со секој кој сака да разговара со нас, изјави во интервју за МИА министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

За првaта верзија на законот пристигнаа 380 коментари без препораките од ОБСЕ и Советот на Европа.

– Статистиката покажува дека 80 се целосно, а 60 делумно прифатени. За нас е значајно тоа што добивме и коментари од Совет на Европа и од ОБСЕ, дел од нив се прифатени, дел од нив не се прифатени. Истото ќе го направиме и овојпат. Сите забелешки ќе се земат предвид, ќе се разгледуваат, истакнува Ивановски.

Најавува уште една рунда разговори со засегнатите страни.

– Во моментов очекуваме дека ќе продолжи дискусијата, ќе направиме уште една рунда разговори, ќе дозволиме неколку дена да се разгледа новиот текст и доколку нема круцијални забелешки за што ќе биде неопходно повеќе време, ќе го испратиме текстот до Владата на РМ и потоа до Собранието, изјави министерот. Нема ограничување на времето за донесување на овој закон, но бидејќи на него долго се работи се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро можно време.

– Но во никој случај не би ризикувале да се донесе и законска регулатива која што е несоодветна поради времето. Ние не сме ограничени со времето. Сакаме законската регулатива да биде квалитетна, вели Ивановски.

Посочува дека Советот на Европа до нив доставил анализа за секоја нивна препорака, без разлика дали е таа позитивна или негативна, како и дополнително документи во кои се повикува на примери од други земји.

– Од друга страна имавме институции кои препорачуваа само да се брише. Без аргументи, зошто, како, каде е тоа поинаку регулирано. Тоа беше круцијална разлика не само помеѓу ОБСЕ и Совет на Европа, да не се сфатиме погрешно, за сите коментари што доаѓаа и од поединци и од цели здруженија, а анализата на СЕ и на ОБСЕ се поставени на интернет и граѓаните да ги видат разликите. вели Ивановски.

– Во секој случај ние најмногу ги слушавме порепораките коишто доаѓаа од Република Македонија за членот 4, изјавуваИвановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.