Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ му испратил предлог на претседателот на Саборот Јосип Леки во Уставот да влезе дека „животните заедници различни од бракот имаат право на семеен живот и негова заштита“, објавува хрватски „Нови лист“.
Јосиповиќ смета дека овој став треба да се додаде во членот 62, со што би се „остварила рамнотежа и би се анулирало чувството на нерамноправност“.
Претседателот реферирал дека ставот „Бракот е заедница меѓу маж и жена, кој сеуште не е во Уставот, би можел да се вметне на 20 декември кога Саборот би требало да ги изгласа уставните измени“.
На денешната седница на Владата хрватскиот премиер Зоран Милановиќ нагласи дека Законот за животно партнерство ќе ги примени „европските стандарди со кои можеби нема секој да се согласи, но верува дека се добри па и во согласност со верските заедници“, јавува РТЛ.
„Не е темпирано, тој закон требаше да биде на Влада пред половина година. Тој во законски рамки и во многу други , ќе ги изедначи истополовите заедници со бракот, но не во целост и не за инает. Никогаш ништо не сме правеле за инает“, рече Милановиќ.