Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој е осуден на 10 години затвор поради корупција и воено профитерство, итно е префрлен во болница поради сериозни проблеми со срцето.
Лекарите употребиле електрошокови за да воспостават нормален ритам на срцето, јавува порталот Индекс. Неговата состојба е стабилна, но сепак тој е задржан во болница, иако во вакви случаи пациентите се отпуштаат.
Санадер вчера бил задржан во болница и не се соопштува кога ќе биде вратен во затвор. Тој извесно време не се чувствува добро а поради проблеми со срцето изостанал од последните рочишта во Судот во Загреб.