Уредничката на ТВ Сител, Ивона Талевска доби е осудена на условна казна затвор од две години, доколку во следните 4 години не го повтори делото.
Таа исто така ќе треба да ја врати целата сума за која беше осомничена во случајот „Тифани“ на СЈО.
Се работи за 37.634 евра затаен данок преку фирми и 16.924 евра личен данок. Дополнително Талевска ќе треба да исплати и над 1200 евра за вештачењето во случајот.
Во сумата предвидени се и 1.000 евра како споредна штета, кои Талевска ќе треба да ги исплати во рок од 30 дена.
На ова, уредничката на ТВ Сител има право на жалба од 15 дена.
Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 37.634 евра преку фирмите и 16.924 евра личен данок.
Таа денеска во судот ја призна вината за даночно затајување.