Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИВЗ ја бојкотира верската конференција во Скопје

0
By Нова ТВ on May 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исламската верска заедница не се појави на Третата конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која започна попладнево во Скопје. Со ова ИВЗ ја оствари најавата за бојкот на конференцијата на која присуствуваа лидерите на Православната, Католичката, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската и другите верски заеднци од Македонија како и претставници на верски институции до светот.

– Бојкотирањето на дијалогот претставува бојкот на самиот себе и ја поткопува искреноста на вредностите кои се декларираат. Најдобар и најцивилизиран начин за надминување на евентуалните недоразбирања и проблеми е дијалогот и ништо не би смеело да го условува неговото одвивање – рече премиерот Никола Груевски во поздравниот говор до Конференцијата.

Министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска, рече дека Република Македонија е пример за тоа како се негуваат, почитуваат и унапредуваат културите на сите етнички заедници кои живеат во нашата земја.

– Би сакала да забележам дека македонската Влада силно ги поддржува сите иницијативи кои се стремат кон постојан дијалог и соработката меѓу различните народи, култури и религии во светот. Оттука, не случајно, Република Македонија е една од ретките земји во светот која со успешната реализација на Првата, Втората, а верувам и на третата по ред светска конференција, докажа дека е лидер на платформата за меѓурелигиски дијалог, соживот и толеранција – рече министерката за култура.

На конференцијата, која денеска и утре се одржува во Скопје, се обратија и претставници од странските партнери во организацијата на настанот – од УНЕСКО, Генералниот секретаријат на НАТО за жени, мир и безбедност и од Комитетот за религии и интеркултурно образование при Советот на Европа.

Тема на конференцијата е „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“. Со неа ќе бидат одбележани три јубилеи: 1700 години од Миланскиот едикт – добивање слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа „Дијалог меѓу цивилизациите“ во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир, инициран од покојниот претседател Борис Трајковски во 2003 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.