Во зграда во Торонто денеска се избодени петорица. Уапсен е маж осомничен за нападите. Претставничката на полицијата, Констабл Сида соопшти дека напаѓачот користел нож и макази.
Таа информира дека еден од повредените е со сериозни последици и се бори за живот во болница.
Инцидентот се случил во исто време, кога во американскиот град Питсбург, еден ученик избодел 20 малолетници.
Од вкупно 20 ученици, четири се со тешки повреди, надвор од животна опасност. За превоз на повредените бил искористен медицински хеликоптер.
Повредените од училиштето „Френклин Риџенал“ се на возраст од 14 до 17 години.