Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Започна редуцирањето на 25 отсто полициско присуство на северот на Косово; СПАК и забрани влез во земјата на муџахединската лидерка Раџави; пристаништето во Драч во концесиски вител

0
By Ана Василевска on August 4, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 4, 2023 11:45

Денеска започнува процесот на редуцирање на присуството на косовската полиција за 25 отсто во и околу општинските објекти на северот на Косово, како последица од заедничката проценка на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР, известуваат косовските медиуми. Во Албанија , СПАК и СПАК и забрани влез во земјата  на муџахединската  лидерка Раџави.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Бота Сот: Од денеска намалување на 25 отсто од полициско присуство на север

„Од денеска почнува намалувањето на присуството на косовската полиција за 25 отсто во и околу општинските објекти на северот на Косово, како последица од заедничката проценка на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР.

Косовската полиција соопшти дека во пресрет на остварувањето на своите уставни и законски должности и овластувања во интерес на јавната безбедност во земјата, како и со цел спроведување на договорите постигнати во Братислава на 10 јули 2023 година, во средината на Унијата Европската Унија и Република Косово, токму вториот чекор од овој договор, во оваа прилика се одржа работна средба помеѓу косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР за проценка на безбедносната состојба во и околу општинските згради на северните општини.“, пренесува Бота Сот.

Инфокус: Розета Хајдари поднесе тужба по објавувањето на аудио снимките за пченицата

Министерката за индустрија Розета Хајдари поднесе тужба до судот против новинарот Берат Бужала и функционерот на МИНТ, Енвер Хајрулаху.

Таа рече дека тужбите ги поднела за клевета и „оштетување на јавното мислење“.

„Континуираните напади, клевети, навреди и невистини, не смееме да дозволиме да станат нешто обично, бидејќи штетата што е направена врз јавното мислење, нашето општество може да биде извонредна. Неуспешните обиди да го нарушам мојот интегритет и достоинство, преку некои аудио-снимки, но и давајќи си право на клевета, со уцени и ширење лажни информации, ќе добијат епилог во органите на правдата. Затоа денеска за оваа цел поднесов тужба до Основниот суд во Приштина против Газета Национале, новинарот Берат Бужала и функционерот на MINT, Енвер Хајрулаху“, напиша таа, пренесе Инфокус.

АЛБАНИЈА

Газета Шќип: Муџахедините  кон заминување од Албанија? СПАК и забрани влез во земјата  на лидерката  Раџави

„Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал издаде наредба со која се забранува влез на лидерката на муџахедините Мерјам Раџави во Албанија.

Оваа одлука доаѓа по покрената истрага против оваа група и извршените проверки во кампот Манца, каде што се засолнети. Раџави е во Франција, во друг камп каде се сместени муџахедините.“, пренесува Газета Шќип.

Балкан Веб – Судир  на „ЕМС“ за пристаништето во Драч, германската амбасада за „Њуз24“: Во интерес на двете земји е нашите компании да инвестираат во Албанија!

„Германската амбасада во реакција за News24 соопшти дека будно ги следи случувањата околу концесијата на германската компанија ЕМС во пристаништето во Драч. Тие наведуваат дека не можат да коментираат за постапките кои се во тек.

„Во интерес на нашите две земји е германските компании и другите меѓународни компании да најдат атрактивна средина за инвестиции во Албанија. За ова суштински се вистинските и законски услови“, се вели во реакцијата од Амбасадата.“, пренесува Балкан Веб.

Панорама: Истражување/ Чинат 1,2 милиони евра, камерите за мониторинг на  шумите се продаваат за стари

„Седум години откако беше воспоставен национален систем за камери за следење на шверцот во шумите, мониторинг кулите, кои чинат 1,2 милиони евра, беа украдени и продадени за отпад. По спојувањето на Инспекторатот кој раководеше со нив, Министерството за животна средина „заборави“ да ги префрли овие средства на Националната агенција за шумарство.“, пренесува Панорама.

КОЛУМНА

Лајм: Нашата Македонија не е како таа во која живеат функционерите Албанци!

„Нашата Македонија не е како онаа во која живеат албанските функционери, кои не чекаат на семафори или кога ќе ја поминат границата.

Нашата Македонија е местото каде што чекате со часови за да ги поминете албанско-албанските граници, како онаа на Блаце.

Нашата Македонија е местото каде што неколку километри откако ќе ја поминете границата Блаце, треба да чекате ред за да го поминете тунелот покрај патот што води кон Скопје.“, пишува авторот Ким Мехмети, пренесува Лајм.

Д. Тахири 

Извор: Цивил Медиа

ЕУЛЕКС . КОСОВО Избор од албански медиуми Косово КФОР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.