Денес и утре е изборен молк, а во недела се одржуваат шести по ред локални избори, кога се гласа за градоначалници и општински советници. Изборите се во 80 општини и во градот Скопје, има 2.976 гласачки места својот глас, а според избирачкиот список, право на гласа имаат 1.743.403 граѓани, а од од нив, 62.908 се со престој во странство.
Денес гласаат раселените лица, болните и изнемоштените, армијата и оние кои се наоѓаат во казнено-поправните установи.
И овие избори имаат домашни и странски монитори- се работи за 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи.
И Народниот правобранител годинава ќе биде вклучен во изборниот процес- од кога ќе почне гласањето, па се до затворање на гласачките кутии ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Отворени за граѓаните ќе бидат и сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Kичево, Kуманово, Струмица, Тетово и Штип, за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.