Со насловот„Следна мисија на НАТО:Да се најде нов шеф“ Бриселскиот портал „Политико“ објави текст за можниот наследник на генералниот секретар, Јенс Столтенберг, чиј мандат завршува наредната година. Потрагата по успешен заменик на Столтенберг се повеќе фокусот го става на жена и тоа од земјите на Југоистокот на Европа и од прибалтичките републики.
Оваа тема која зема поприлично замав во редовите на аналитичарите, прогнозерите и тинк-тенк организациите, се повеќе се ,,врамува“ во потребата, по 72 години, Алијансата за прв пат да назначи жена на својата висока позиција. Некои сметаат дека кога би се имале предвид продолжените напори со Русија, изборот на дипломат од Источна Европа, ќе испрател важен сигнал кон официјална Москва.
Имајќи ги предвид овие два императива, три имиња многу брзо се лансираат на горниот дел од списокот можни сукцесори на Столтенберг. Тоа се поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и на Литванија Далија Грибаускајт,како и претседателката на Естонија Керсти Калјулаид.
Грабар-Китаровиќ која беше првата жена претседател на Хрватска од 2015 – 2020 година, има предност бидејќи работела во централата на НАТО, како и помошник генерален секретар за јавна дипломатија во период од 2011-2014 година.
Недобронамерните велат, Грабар Китаровиќ која ја изградила политичката кариера како десноцентристичка конзервативка, се дискредитирала, преминувајќи во крајната десница по неуспешната кампања за претседателските избори во 2019 година, пишува „Политико“. Но таа истовремено, може да се пофали со една од највпечатливите професионални биографии меѓу потенцијалните идни лидери на НАТО.Таа ја имаше клучната улога во успешните кандидатури на Хрватска за членство во Европската Унија и НАТО а беше и амбасадор на Хрватска во САД од 2008 – 2011 година што и овозможи да развие силни релации во Вашингтон, така што САД ќе имаат решавачка улога во изборот.

Еден влијателен поранешен амбасадор во НАТО изјави дека има општо очекување Велика Британија да го продолжи својот притисок за изборот на генерален секретар, како начин да го демонстрира продолженото влијание во Европа по Брегзит. Но,дипломатот подвлекол дека ќе се прашаат и владите за кои многу поважно од националноста, ќе биде специјалниот бонус за кандидатка со одлични лидерски, управувачки и комуникативни предиспозиции. Тоа може да ја испорача за кандидат Тереза Меј чии доблести за управување и комуникација за време на процесот за Брегзит беа на широко критикувани дури и дома.
САД, Германија, Франција и Велика Британија традиционално се разгчледуваат како највлијателни сојузници во процесот на барање наследник на актуелниот генерален секретар на НАТО, пишува „Политико“.
Но, тие како земјите од Европската Унија, формираат преовладувачко мнозинство во НАТО 21 од 30 членови и уште неколку што се претставуваат како кандидати за членство во ЕУ, со тоа што се е поизвесно дека Велика Британија по Брегзит може да се откаже и тешко дека ќе побара поддршка за толку важна меѓународна позиција.
Некои од земјите како Италија сметат дека е време и тие да предложат кандидат за високата позиција во НАТО, па упатуваат на Италијанската поранешна министерка за надворешни работи, своевремено и на ЕУ, Федерика Могерени. Но дипломатите велат дека таа не може како Грабар Китаровиќ да ја има поддршката од САД.
Велика Британија е нетрпелива да се дофати до силна позиција во Брисел, Италијанците ќе кажат дека е нивен редот, но и Источноевропјаните го имат правото да го кажат истото, заклучува ,,Политико“.
Од другите заинтересирани за наследници на Столтенберг, ,,Политико“ ги споменува Холандскиот премиер Марк Руте како и Белгиската министерка за надворешни работи, Софи Уилмес.

Некои гледишта, кои пак повеќе ги третираат прибалтичките аспирации за НАТО, ги нотираат предностите поврзани со блискоста со Москва , поради обидите на американскиот претседател да ги нормализира односите меѓу Русија и Западот.
Еден од решавачките услови на кој не треба да се заборави, при изборот на челната личност во НАТО секако е предноста на кандидат од земја која одделува 2% од својот БДП за одбраната. Ова е симболичен, но важен показател кој се зема во предвид и кој може да ги зголеми шансите на Естонија, пишува ,,Политико“. Инаку друг сојузник во НАТО кој ги задоволува критериумите од 2% е Романија а тоа може да му даде предност на претседателот Клаус Јоханис.
Франција нема да успее да предложи генерален секретар, но го има правото на вето, изјавиле за ,,Политико“ извори од алијансата, а тоа автоматски ги убива сите шанси на Турција, цени угледниот портал.
Грабар Китаровиќ демонстрира умеење да ги повторува позициите на Столтенберг кои му донесоа репутација на дисциплиниран комуникатор дури и по неповолните карактеристики од поранешниот претседател на САД , Доналд Трамп.
Но покрај ,,Политико“ сериозни подготовки за смена на водечкиот „потстанар“ во новиот објект на НАТО, се прават и во самата централа. Наследникот на Столтенберг се очекува да биде претставен на самитот во Мадрид на алијансата на крајот од пролетта или на почетокот на летото, следната година.