Избрана е компанијата која ќе го осигура имотот на Пошта ретргоградно, од први јануари оваа година.
Според А.Д Македонска пошта, согласно законските прописи, како најповолен понудувач е избрана осигурителната компанија „Кроација Осигурување“.
Во соопштението на Македонска пошта се истакнува дека: полисата на осигурување ќе го опфати временскиот период кој е предвиден во техничката спецификација на отворената постапка како и тендерската документација односно од први јануари 2013 година.
Со ова, Македонска пошта нема да има никакви финансиски проблеми во однос на настанатите штети од неодамнешниот пожар, а штетата ќе биде покриена во рамки на процедурата за јавна набавка за осигурување на самата компанија, соопштуваат од Пошти.