Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избувна пожар во струшко Октиси, закана за имотот на населението

0
By Marija Todorovska on August 13, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во близина на струшкото село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопштија оттаму, на терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно.

Поради тоа, додаваат од ЦУК, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.

По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот. Авион на Дирекцијата за заштита и спасување „ер трактор“ е веќе на пат кон локацијата за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК.

ЦУК информира и дека до 12 часот низ земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор од кои активни се три, изгаснати три, додека еден е под контрола.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“, Општина Струга – Октишка краста и Општина Могила – атар на с. Могила. Под контрола е пожарот во Општина Сарај с.Радуша кон с. Дворце, а изгаснати се во Општина Кичево с. Челопеци, Општина Македонски Брод – с. Крапа и Општина Крива Паланка – атар на с. Нерав, место викано „Биљино“. 

Октиси пожар Струга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.