Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изградбата на станови стагнира – градежен бум во нискоградбата

0
By Нова ТВ on July 19, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во мај биле издадени 222 одборенија за градба на објекти, на 61,3% од објектите инвеститори се физички лица а на 38,7% инвеститори се правни лица, односно фирми, пренесува анализата на Portalb.mk.

Споредбената анализа во однос на истиот месец лани покажува дека расте бројот на инвеститори-физички лица а се намалува на фирмите кои инвестираат во градежништвото. Според податоците од Народната банка цените на становите се во пораст.

Мораториумите за градба ја “закочија“ изградбата на станови

Во петтиот месец од годинава вкупната вредност на издадените одборенија за градба на територијата на целата држава изнесувала скоро 65 милиони евра што е за 12,9% во однос на мај 2017 година. Последните, најнови, податоци од Заводот за статистика покажуваат дека во структурата на објектите во градба доминираат високоградбите односно зградите.

Намена на одбренија за градба :

Високоградба 135 (60,8%)

Нискоградба     37 (16,7%)

Реконструкција  50 (22,5%)

Но споредбените податоци во однос на мај лани покажуваат дека се случува градежен “бум“ кај нискоградбата која опфаќа ниски градби, патишта, тунели, мостови додека се намалува вредноста на инвестициите во станбени згради. Дел од градежниците што ги консултиравме велат дека постојат повеќе причини за “застојот“ во изградбата на станбени комплекси.

„Ние сме сведоци дека имаме општини кои прогласија мораторим за градба и оваа состојба која веќе се прелеа и во оваа градежна сезона се одрази во бизнисот. Имаме и случаи на подолго трање на процедурите за издавање на градежните дозволи поради зголемена внимателност и на локално и на централно ниво“ – коментира менаџер од една од градежните компании која работи во Скопје.

Оваа состојба беше потврдена од Здружението на градежништвото при Стопанската комора на Македонија.

„Остануваме на ставот како здружение дека процесот е премногу инертен и нетранспарентен и дека ова води кон сѐ поголеми штети на градежните компании. Остануваме и на тоа дека треба да се гради плански, урбано, но сепак тоа е процес што почна во 2017 година, а не е завршен во 2019 година Доколку немаше мораториум, нашата прогноза беше дека цените на добрите станови секаде ќе се зголемат“ – изјави  Андреа Серафимовски, претседател на Здружението.

Во споредба со лани, вредноста на инвестициите во високоградба занчајно се намалени или во мај 2017 година вредноста на издадените одобренија за згради била 44,2 милиони евра а во мај годинава 32,4 милиони евра. Од друга страна расте вредноста на градежните работи во ниско градбата – во мај лани изнесувала 9,2 милиони евра а во истиот месец годинава 30,7 милиони евра што е зголемување за повеќе од три пати.  Во општина Центар и во Карпош на сила е мораториум за градба а се најавува и во Охрид.

Каде и колку се гради – цените на становите во пораст

Во мај на ниво на целата држава предвидено било да бидат изградени вкупно 463 станови, од нив најголем дел се трособни,  двособни, четворособни и еднособни а во мај лани била предвидена изградба на 477 станови. Годинава, во Североисточниот регион кој ги опфаќа Кратово, Куманово, Крива Паланка, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане не било предвидено да се изгради ниту еден стан додека Скопскиот и Полошкиот регион предничат според бројот на новоизградени станови. По градови, на ниво на Скопје била предвидена изградба на 211 станови што речиси е половина од вкупниот број на планирани станови на ниво на целата земја а во Полошкиот регион, според Заводот за статистика, била предвидена изградба на 105 станови, најмногу 77 во Гостивар и 21 станбена единица во Тетово. Во Скопје и покрај мораториумот во две општини изградбата на згради во однос на другите региони предничи а интересно е дека концентрацијата е во само неколку општини.

Така, во Ѓорче Петров во мај се изградиле 128 станови, во Гази Баба 35 станови, во Аеродром 31, во Бутел 8 станови, во Илинден 5 станови, во Чучер 2  а во општините Кисела Вода и Сопиште само по еден стан. Во другите општини меѓу кои Карпош, Центар, Чаир не била предвидена градба на ниту еден стан .

Во Пелагонискиот регион, кој зафаќа поголеми општини како Битола и Прилеп, во мај била предвидена изградба на само 9 станови од кои 4 во Битола и 5 станови во Ресен. Во Охрид кој е дел од Југозападниот регион во петтиот месец од годинава, според официјалната статистика,  била предвидена изградба на само еден стан. Во Источниот регион планирани биле 73 станови од кои 63 само во Кочани а во Вардарскиот регион биле предвидени само два станови – по еден во Неготино и во Свети Николе.

Цените на становите, според официјалните податоци од Народната банка во првиот квартал од годинава во споредба со претходното тромесечје се во пораст додека во однос на истиот период лани цените се намалени за 0,8%. Сепак, цените на становите во споредба со последниот квартал се во раст со стапка на промена од 1,9% што е и највисока стапка на раст измерена од почетокот на 2019 година.

Податоците покажуваат дека во мај на 136 објекти инвеститори се физички лица, додека лани во истиот месец овој број изнесувал 116 инвеститори-физички лица. Од друга страна има намалување на бројот на инвеститори-фирми, лани во мај бил 106 а годинава 86 инвеститори-деловни субјекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.