Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излезе од контрола пожарот кај Атина, со огнената стихија се борат 500 пожарникари, пет авиони и четири хеликоптери

0
By НОВА ТВ Balaban on July 20, 2022 РЕГИОН
Photo: Yannis Kolesidis/EPA
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со разденувањето, одново почнаа да интервенираат и воздушните средства, а во гаснењето на пожарот учествуваат 485 пожарникари, заедно со пожарникарите од Романија кои се во Грција, 28 пешадиски тима, 120 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, а од воздух пет авиони и четири хеликоптери.

Цела ноќ траеше битката на пожарникарите со пожарот што сè уште е вон контрола во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици предизвикаа материјална штета на куќи, изгореа домови и досега беа евакуирани жителите на најмалку десет населби, јави дописничката на МИА од Атина.

Шумскиот пожар избувна вчера, кусо по 17 часот од планината Пендели и поради силниот ветер, се спушти и брзо се прошири кон населените места, заземајќи големи размери со активни жаришта во повеќе населби и во близина на домови.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, утрово рече дека ноќта беше тешка, а ветерот со брзина од над 80 километри на час, постојано менувал правец што дополнително го отежнуваше гаснењето на пожарот.

Со разденувањето, одново почнаа да интервенираат и воздушните средства, а во гаснењето на пожарот учествуваат 485 пожарникари, заедно со пожарникарите од Романија кои се во Грција, 28 пешадиски тима, 120 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, а од воздух пет авиони и четири хеликоптери.

Во пожарот помагаат и припадници на армијата, но и на полицијата, која отстапи 626 полицајци со 232 возила.

Во текот на ноќта преку неколку пораки од бројот за итни случаи 112  беше побарано од жителите на шест населби да се евакуираат, додека пак полицијата интервенирала 600 лица да бидат пренесени на безбедно место.

Од почетокот на пожарот беше побарано од жителите на најмалку десет населби да ги напуштат нивните домови.

Доцна синоќа превентивно беа евакуирани и Националната опсерваторија и две детска болница со 35 и 36 деца.

Од 5.30 часот утрово, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во координативниот центар за операции и управување со кризи во Министерството за климатска криза и цивилна заштита.

Сè уште е непозната големината на материјалната штета предизвикана од шумскиот пожар, но сигурно е дека има целосно изгорени куќи и возила, но и куќи кои претрпеа материјална штета.

Атина пожарот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025

Војската го уапсила претседателот на Гвинеја-Бисао, во земјата се изведува државен удар

November 26, 2025
ФОКУС

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

ВЕСТИ November 27, 2025

Бугарскиот парламент синоќа до полноќ беше блокиран откако околу 30.000 граѓани излегоа на протести поради…

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025

Агелер вечерва со изјава на ТВ го „утепа“ Мицкоски за судството – пораката е „помалку зборови, повеќе дејствување“

November 26, 2025

Трамп: Виткоф со Путин, а Дрискол со Украинците ќе работат на завршување на мировниот план

November 25, 2025
ТИКЕР

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025

Војската го уапсила претседателот на Гвинеја-Бисао, во земјата се изведува државен удар

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.