До 17 часот, 53.12 отсто за предвремените парламентарни избори и 45.34 отсто за претседателските е излезеноста на гласачите, соопштува ДИК.
Според податоците соопштени од потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи, најголема излезеност за гласањето за претседател има во Новаци – 71,89 отсто, а најмала во Желино 9,03 отсто.
Во однос на изборните единици и гласањето за предвремените парламентарни избори најголема е излезноста во ИЕ 4 60,82 отсто, во ИЕ 3 – 60,11, во ИЕ 1 – 54,32, во ИЕ 5 51, 24, во ИЕ 2 49,24 и во ИЕ 6 – 43,63 отсто.
Според избирачкиот список, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.