Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба: Џепето во скопски Чифте Амам

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 60 продукти изработени од 30 дизајнери и 30 графички дизајнери се дел од изложбатата „Најдрагиот Пинокио“ која денеска беше отворена во Националната Галерија Чифте амам во рамките на Деновите на италијански дизајн во Скопје, а која ќе трае до 28-ми март. 

Изложбата која е посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“ содржи избор на дизајнерски проекти на италијански компании кои го слават митот за Џепето, првиот италијански дизајнер. Таа е дел од активностите за деновите на италијански дизајн во Скопје што ги организираат Амбасадата на Италија и ИТА – Italian Trade Agency.

Директорката на Националната галерија, Дита Старова Ќерими, на отворањето информираше дека Македонија е втората земја, по изложбата во Милано, каде што можат да се видат овие продукти.

Креиран од музејот АДИ од Милано, и токму после Милано првата земја каде што се претставува е токму нашата земја. Изложбата допира повеќе културолошки и хуманистички аспекти, освен што е поврзување на литературата и дизајнот. Станува збор за инклузивна изложба погодна и за деца и за возрасни, рече таа.

Оваа изложба ја презентира можноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски објекти посветени на најпознатиот италијански карактер Пинокио,појасни италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри.

Лука Мадонини, дизајнер и еден од кураторите информираше дека изложбата е составена од 60 продукти изработена од 30 дизајнери и 30 графички дизајнери.На отворањето на изложбата, амбасадорот Силвестри, ја одликуваше директорката на Националната Галерија, Дита Старова Ќерими со признанието – орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

ВЕСТИ October 17, 2025

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални…

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.