АРТЕ Галерија ја организира третата самостојна изложба на мозаици од истакнатиот моден креатор и мозаичар Лиле Корубин, која ќе биде отворена во понеделник во 20:00 часот.
Љубителите на уметноста ќе можат да се запознаат со нејзините најдобри мозаици кои го отсликуваат интимниот свет на авторката Лиле Корубин.
Со ова изложба АРТЕ Галерија продолжува со реализација на изложби и настани со што уште повеќе ќе ја афирмираме ликовната уметност и ќе настојуваме со текот на времето да се реализираат уметничките вредности кај нас.
Галеријата АРТЕ се наоѓа Спроти Поликлиника Идадија или поточно помеѓу АМСМ и Клуб на пратеници на улица Митрополит Теодосиј Гологанов бр 49.