Музејот на македонската борба – Скопје се приклучува во одбележувањето на јубилејот – 50 години од скопскиот земјотрес.
По тој повод во просториите на музејот ќе биде изложена картофилско-филателистичка изложба од збирката на Бранислав Светозаревиќ.
Збирката ги претставува најважните настани во Скопје пред земјотресот, за време на земјотресот, обновата на Скопје, Скопје – град на солидарноста и Скопје денес.
Изложбата ќе биде отворена во понеделник, 15 јули, во 10 часот во Музејот на македонската борба.