Во четврток, 22 мај, 2014 година, се одржува изложба во Музејот на град Скопје, во 20.20, насловена како “ВО СИНИЛО ТЕ НАМАМИВ”. Се работи за авторски проект на
Јана Ацевска, Биби Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска.
Фасцинацијата од синилото е силна инспирација и одредница во создавањето на уникатните парчиња современ накит.
Колосалните океани, бескрајното небо и брзите реки се преточени во смели и заводливи сирени на кои не можете да им одолеете.
По успешното претставување минатото лето во Охрид, оваа изложба ќе биде поставена и во Скопје.